ГДУ: Исто боли кога ќе ве удрат и со десната и со левата рака

504

Граѓанско демократска унија наместо соопштение за Дизел за петстотки пророчка порака од советникот во непроѕирното министерство за транспарентност. СДСМ бара да се намали акцизата за горивата во 2012.

СДСМ бара Владата итно да ја преполови акцизата за нафтените деривати до крајот на годината со што ќе ги поевтини бензините од 10 до 12 денари по литар. Поскапувањата продолжуваат, а цените на енергенсите веќе стануваат неподносливи за просечниот македонски граѓанин, кој со страв го чека секој понеделник и седниците на Регулаторната комисија за енергетика, рече Марјанчо Николов од СДСМ на денешната партиска прес-конференција, укажувајќи на најновото поскапување на бензините за 2.5, а на дизел горивата за 1.5 денари. Тој посочи дека власта упорно одбива да го направи она што е во нејзина моќ и да ги намали акцизите за нафтените деривати, а со тоа да ја намали и цената на горивата.

– Секоја година, Владата прави проценка за тоа колку пари ќе се слеат во државната каса од продажбата на нафтени деривати. Годинава, овој износ постојано се зголемува поради поскапувањето на нафтата, што значи дека се собираат повеќе приходи по основ на ДДВ за нафтените деривати, отколку што се испланирани – рече Никиолов и потсети дека лани, непосредно пред изборите, Владата ги намали акцизите за горивата.

ВМРО-ДПМНЕ: Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани.

СДСМ удри по најсиромашните, секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3,5 денари.“

– Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна спиралата на раст на цените, со што трошокот за граѓаните е неколкукратно поголем. Фрапантни се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку – се додава во соопштението.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се сложуваат со, како што велат, економската катастрофа која и се случува на државата на 2 јуни во 20 часот пред Владата, да излезат и да кажат „НЕ за економскиот колапс, за распродажбата на националните интереси, за заробената држава и партизираното судство.

Kако обично, ДУИ не се одовде, но за среќа тука се Амди Бајрам и Лилјана Поповска

Почитувани, веруваме дека е сеедно дали ве удираат со левата или со десната рака – соопшти Граѓанско демократска унија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...