ГДУ: Владата треба да покаже дека има концепт за даночната реформа, а не концепт за популистички мерки

131

Потребни се итни реформи во легислативата кои би го нормализирале прометот (јавна тајна е дека УЈП нема надлежност на целата територија на земјава, а дел од нивниот персонал нема ниту знаење ниту квалификации), велат од ГДУ.

– Јавноста нема доверба во институциите на системот и има низок степен на задоволство од услугите кои ги дава самата држава- инфраструктура, јавно здравство, други јавни услуги, ефикасна судска власт и.т.н.  Државата, со истите средства прибрани од даночните обврзници, истовремено ќе доделува средства за развој на мали и средни претпријатија и ќе троши пари за намалување на социјалните разлики?Конечно, Владата ниту во еден момент не размислува да го стави под сомнеж трошењето на средствата на нејзините институции, агенции и сл. Туку и ќе ги помогне локалните самоуправи кои поради лошо управување се во долгови- досега затворија едно основно училиште заради заштеда, велат од ГДУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...