Гаши: Сите повикани во Хаг имаат статус осомничени

99

Приштинскиот адвокат Тома Гаши изјави дека Специјалниот суд повикал на сослушување повеќе лица, поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и оти сите тие имаат статус на осомничени.

Гаши за „Зери онлајн“ изјави дека сите досега повикани на сосолушвање, чии имиња се објавени, се повикани како осомничени за злосторства извршени врз Срби во текот на конфликтот во Косово.

– Сите кои се повикани во Хаг, иако тоа не го кажуваат, се повикани во својство осомничени, а не на сведоци, а по нивните изјави Обвинителството може да бара да бидат уапсени, изјави Гаши.

Тој додаде дека сите тие добро знаат во кое својство се повикани и какви се нивните права.

– Обвинителството во повиците испрати и писма во кои се бара одредена документација, истакна Гаши, додавајќи дека сите повикани ќе бидат сослушани во Хаг, а не во Косово.

Тој смета дека оваа година ќе биде година на Специјалниот суд

Претходно беше обелоденето дека покани за сослушување добиле поранешните команданти и припадници на ОВК, Рустем Мустафа, Сокол Добруна, Назиф Мехмети, Сами Луштаку, Ремзи Шаља и Сафет Шаља.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...