Галф Македонија продолжува со инвестициите на македонскиот пазар и зголемување на своите продажни капацитети. Покрај трите бензински станици во Скопје, на автопатот Тетово-Гостивар и Струга, Галф од денес е достапен и во центарот на Тетово, во близина на Шарената џамија.
Бензинската станица во центарот на Тетово се одликува со современ изглед и со беспрекорна функционалност и достапност, а во палетата производи се наоѓаат и американските G-Force безоловно и X-tream дизел горивата.
Зголемувањето на достапноста на продажните места на Галф Македонија ќе биде една од главните цели на компанијата во следниот период. Планирано е проширување во сите поголеми градови низ земјата, со цел нудење на македонските потрошувачи врвни нафтени деривати создадени по највисоките светски стандарди.