Вучиќ ќе добие орден „Александар Невски“

191

Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска потпиша декрет за доделување на орденот „Свети Александар Невски“ на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти Кремљ.

Александар Вучиќ се наградува за голем личен придонес во мултилатерната соработка со Руската Федерација, се наведува во соопштението на Кремљ.

Ова е најзначајното признание кое, по речиси сто години, му се доделува на Србин.

Орден „Свети Александар Невски“ имаат добиено и Милан Обреновиќ и Александар Караѓорѓевиќ, а последен пат му е доделен на Никола Пашиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...