Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе му го врачи „Орденот на Република Србија“ по повод Денот на државноста – 15 февруари.
Како што јави БГНЕС, „Орденот на Република Србија“, кој е највисоко српско државно признание, ќе му биде врачен на Борисов на официјална церемонија во Белград.
Во образложението на одлуката за одликување на Борисов со Орденот, се нагласува дека тој му се доделува поради „заслуги за развојот и зацврстувањето на мирољубивата соработка и пријателски односи меѓу Република Србија и Република Бугарија“.
ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC