Вучиќ сто пати ѝ ги побарал гаранциите на ЕУ ако постигне договор за Косово

298

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска нагласи дека не е можно Белград да прифати договор за Косово, без сеопфатен пакет за Србија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, осврнувајќи се на медиумските тврдења дека барал гаранции за членството на Србија во ЕУ во 2025 година, доколку потпише договор со Приштина, Вучиќ нагласи дека тоа „и порано, речиси 100 пати“, и го кажал на меѓународната заедница.

– Меѓутоа, ние немаме договор, немаме ни нацрт, ниту предлог – истакна Вучиќ, додавајќи дека треба да му се дозволи да ги води разговорите.

Вучиќ изјави дека не е оптимист во врска со договорот, но дека ќе стори се за тој да биде постигнат.

– Но, ако некој мисли дека е можен договор без сеопфатен пакет, кој ќе се однесува на иднината на Србија и без дополнителна економска помош и драматично побрз раст, нека знае дека тоа не ми паѓа на памет – порача Вучиќ.

Тој оцени дека Србија добро ја поставила својата платформата.

– Некој ќе рече дека станува збор само за пари и се разбира дека парите се важни, но пред сѐ се работи за интересите на нашиот народ во Косово, а потоа се друго што можеме да обезбедиме. Дали е ова реално? Не е, но невозможно е да прифатиме договор без сеопфатен пакет – заклучи Вучиќ.

Што се однесува до односите со Црна Гора, Вучик изјави дека „односот не секогаш е едноставен и постојат многу разлики“, но дека во иднина Белград и Приштина мора да изградат подобри односи.

– Ќе го повикам претседателот на Црна Гора во наредниот период да ја посети Србија – истакна Вучиќ, додавајќи дека не сака да ги критикува наводите околу медиумската кампања од Белград против Подгорица, но и дека му е јасно колку во Црна Гора има негативни медиумски кампањи против Србија.

Вучиќ најави и дека вечерва патува во Кина на средби со кинеските лидери и дека во рамки на посетата ќе оствари средби со најмоќните компании од оваа земја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...