Вучиќ: Спорот за името на Македонија и проблемот со Косово не се исто

563
Aleksandar-Vucic-Srbija-EPA-EFE-FELIPE TRUEBA

Решавањето на спорот за името на една држава, каков што е случајот со Македонија, не може да се спореди со проблемот со Косово, изјави денеска во Крушевац српскиот претседател Александар Вучиќ.

Одговарајќи на новинарско прашање за неговиот став околу решавањето на спорот околу името на Македонија и дали поради тоа очекува притисок врз Белград во врска со односите со Косово и БиХ, Вучиќ одговори дека тоа се неспоредливи работи.

– Немојте да го споредувате проблемот со едно име, дали ќе се вика Стара Србија, Србија северна или јужна, со проблемот на Косово, каде имаме проблем со над милион луѓе и 10.000 спорни квадратни километри – изјави српскиот претседател, изразувајќи надеж дека и за тоа е можно изнаоѓање на решение.

Повод за новинарското прашање, беше изјавата на Вучиќ дека очекува големи притисоци, од надвор и од внатре, со цел слабеење на позицијата на Србија во преговорите со Приштина, заради неможност да се дојде до решение или да се најдат решенија од кои ниту едно нема да биде добро.

Со сличен став денеска се огласи и српската премиерка Ана Брнабиќ, која одгварајќи на новинарско прашање дали по договорот оклу името на Македонија се зголемуваат притисоците врз Белград за решавање на косовскоти прашање, одговори дека Приштина самата кажала да нема своја надворашна политика, тука нејзината политика е надворешната политика на САД.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...