Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека борбените авиони МиГ-29 кои Србија ги доби од Русија ќе бидат именувани според српски војници кои биле убиени во Косовската војна во 1999 година. Вучиќ денеска присуствуваше на церемонија по повод приемот на два од шесте донирани авиони.
– Мој предлог, а се надевам дека Војската на Србија тоа ќе го прифати, е овие авиони да бидат именувани според јунаци од периодот на агресијата на НАТО, изјави премиерот Вучиќ.
Србија планира парада во ноември на која ќе летаат вкупно осум ловци МиГ – 29, а Вучиќ рече дека разликата во воената готовност сега и пред пет години е „небо и земја“. Српскиот премиер воедно најави дека очекува посета на рускиот претседател Владимир Путин во текот на годинава, како и можна средба со него пред посетата.
– На Србија и е потребна руската поддршка за да дојдеме до договор околу Косово и Метохија – додаде Вучиќ.
ФОТО: Твитер