На иницијатива на српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград ќе бидат изградени нови 54 фонтани.
Од градот Белград потврдуваат дека ќе се градат фонтаните, кои немало да бидат огромни,но ќе ги има на места каде требало да се изградат и до сега. Така, фонтани ќе се градат на кружните текови, како оној на Нов Белград, во близина на Богословијата и на Топчидер.
Фонтаните ќе бидат изградени во текот на наредните неколку години. Дел фонтани ќе бидат поставени во приградските населби.