Вучиќ: Освен Романија, ние и Унгарците сме блиску со големината на армиите, другите далеку зад нас

929
ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Припадниците на српските Вооружени сили денеска изведоа тактичка воена вежба со боево гаѓање под име „Векот на победникот 1918 – 2018“, во чест на стогодишнината од победата во Првата светска војна.

Вежбата се спроведе на десет локации со учество на 8.000 припадници на Копнената армија, Военото воздухопловство, Речната флота и други единици, а на неа учествуваа 100 тенкови, 100 оклопни борбени возила, 100 артилериски и ракетни систем и 24 авиони и хеликоптери, при што беа употребени околу 103 тони боева муниција и средства.

На вежбата присуствуваше комплетниот државен врв на Србија, на чело со претседателот Александар Вучиќ, кој на полигонот Пасуљански ливади изјави дека во регионот само Романија има поголема армија од Србија.

– Ние и Унгарците сме тука некаде, а сите други се далеку, далеку зад нас. Се разбира дека Грција има огромна војска, тоа не се споредува, но сите останати од просторот на поранешна Југославија … Ние драматично ја зајакнуваме нашата армија, нашите чекори не се од милји, тоа се чекори од седум милји – изјави Вучиќ за Радио Телевизија Србија.

Тој најави дека во 2019 година ќе можат да се видат големите инвестиции во армијата.

– Кога станав министер за одбрана, имавме еден неисправен МИГ 29, а денес имаме осум” дваесет и деветки “кои летаа, имаме вкупно 10 такви, видовте тенкови, најмногу досега, 100 тенкови учествуваат во целата вежба“- рече Вучиќ.

Тој додаде дека следната година очекува од Русија нови оклопни возила, помодерни и уште 30 тенкови, како и првите беспилотни летала од Кина во вредност од околу 30 милиони евра.

Зголемување на платите од девет проценти, најави Вучиќ, а за членовите на разузнавачката Безбедносно-информативната агенција (БИА) просечна плата од 850 евра.

Како што најави Началникот на Дирекцијата за разузнавачко-извидувачки работи на Генералштабот на Вооружените сили на Србија, генерал-мајор Илија Тодоров вежба „Векот на победникот 1918 – 2018“, е една од најголемите уште од времето на ЈНА.

ФОТО: EPA / FLORIAN WIESER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...