Вучиќ оптимист по средбата со Помпео: Moже да сметаме на американска поддршка за укинување на таксите

177

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, вечерва како продуктивен го оцени разговорот со српскиот претседател, Александар Вучиќ, во врска со дијалогот Белград-Приштина и пристапот на Србија во ЕУ.

Тој ова го напиша на својот профил на „Твитер“ по средбата во Њујорк.

– Нормализацијата на односите со Косово ќе ги зајакне стабилноста и просперитетот на Србија, Западен Балкан и трансатлантската заедница, наведува Помпео во објавата.

Српскиот претседател по средбата порача дека Србија може да смета на американска поддршка кога станува збор за укинување на таксите и продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

– Зборувавме долго за сѐ. Тој сакаше да слушне што мисли Србија пред сѐ за решавање на косовскиот проблем. Ми се чини дека на најкраток и наједноставен начин го претставив ставот на Србија, напиша на „Инстаграм“ српскиот претседател.

Средбата меѓу Вучиќ и Помпео траела подолго од очекуваното, околу два часа, пренесуваат српските медиуми.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...