Србија ќе вложи големи напори за постигнување компромис за Косово, но не сум оптимист дека ќе се најде решение, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за шпанскиот весник „Паис“.
– Тоа не е лесно. Се уште постои многу голема омраза, но треба да се обидеме да најдеме компромис – нагласува Вучиќ.
Вучиќ вели дека и покрај расположението на Србија за изнаоѓање компромис, не може да гарантира дека и „другата страна“ е подготвена на тоа.
Српскиот претседател истакнува и дека ако Србија сака иднина, ќе треба да ги остави во минатото своите трауми и битки.
– Имавме многу војни во 20-от век, кои не ги сакавме. Треба да ги оставиме во минатото и да работиме на воспоставување на мир и стабилност во целиот регион и во Србија – додава Вучиќ во интервјуто.