Вучиќ: Не може да се обвини Моска без докази за труењето на Скрипал

- Србија ја осудува употребата на хемиско оружје во светот, но без докази невозможно е да се обвини Русија за такво нешто - рече Вучиќ.

113

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека Србија смета оти е невозможно да се обвини Русија без никакви докази за труењето на поранешниот руски разузнавач Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија.

– Србија ја осудува употребата на хемиско оружје во светот, но без докази невозможно е да се обвини Русија за такво нешто. Дури и Европската унија донесе одлука со која ја осуди Русија врз основа на британските тврдења дека постои голема можност зад тоа да стои Русија. Така не треба да се реагира, рече Вучиќ.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија беа отруени на 4 март во Солсбери, а британските власти, како и голем број земји од ЕУ, САД и Канада, обвинија дека Москва стои зад ова.

Поради тоа, голем број земји одлучија да ги протераат руските дипломати, додека Русија ова го окарактеризира како непријателски чин.

Официјална Москва во неколку наврати соопшти дека на ниту еден начин не е поврзана со инцидентот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...