Српскиот претседател Александар Вучиќ утре во Њујорк ќе се сретне со американскиот државен секретар Мајк Помпео, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Главната тема на разговорите помеѓу Александар Вучиќ и Мајк Помпео се очекува да биде ситуацијата во Косово.
Помпео ќе присуствува на седницата на Советот за безбедност на ООН за Блискиот Исток во Њујорк и е предвидено да се сретне со генералниот секретар на ООН, Антонио Гутерес.