Вучиќ: Нема да се одржат собири во Хртковци

Шешељ претходно изјави дека на 6 мај ќе учествува на митинг во селото Хртковци во Војводина, на годишнината од неговиот антихрватски говор одржан во ова исто село во 1992 година, поради што Хашкиот суд го осуди за воени злосторства.

112

Во селото Хртковци в недела нема да има никакви собири, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, откако лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ најави дека ќе учествува на митинг во тоа село, каде на истиот датум во 1992 година неговата партија одржа митинг по кој почна присилното иселување Хрвати од Војводина.

Вучиќ додаде дека тој ден државата забранила какви било собири.

– Државата забрани митинг во Хртковци. Србија не сака во минатото туку во иднината. Србија нема да дозволи вознемирување на насленеито во кое било место во нашата држава – изјави Вучиќ.

Тој ги замоли сите политички партии кои за тој ден најавија митинг во Хртковци да ја разберат одлуката на државата, бидејќи според него, државата има право да забрани митинзи кога постои сомневање за загрозување на јавниот ред и мир.

Шешељ претходно изјави дека на 6 мај ќе учествува на митинг во селото Хртковци во Војводина, на годишнината од неговиот антихрватски говор одржан во ова исто село во 1992 година, поради што Хашкиот суд го осуди за воени злосторства.

Механизмот за меѓународни кривични трибунали (MМКТ), кон средината на април во Хаг го осуди Воислав Шешељ на десет години затвор, за поттикнување на злосторства со националистичките говори, кои што во 1992 година, за време на војната, ги одржа во Војводина.

По одржувањето на неговите говори, во кои тој повика на протерување на Хрватите од Хртковци, следеа насилни акти врз хрватските цивили.

„Говорот на Шешељ поттикнал насилство што го деградирало и го нарушило правото на безбедноста на хрватското население во Хртковци (во Војводина), со што извршил злосторство – прогон, базирано на кршење на правото на безбедност, како злосторство против човештвото“, рече тогаш судијата Теодор Мерон.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...