Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ја посети Москва на 8 мај и ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, објави „Спутник“ повикувајќи се на свои руски извори.
Двата државника, ќе се сретнат еден ден по инаугурацијата на претседателот Путин, кој третпат стапува на функцијата шеф на Руската Федерација.
Според руската агенција „Спутник“, Вучиќ, ќе присуствува и на традиционалната Парада на победата на 9 мај во Москва.
ФОТО: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA