Вучиќ: Мојата политика во врска со Косово доживеа пораз

508

Српскиот претседател и лидер на Српската напредна странка (СНС) Александар Вучиќ на седница на Главниот одбор на СНС изјави дека неговата политика Србија доста работи да зачува на Косово доживеала пораз, бидејќите Србите повеќе сакаат да изгубат се.

Вучиќ пред членовите на неговата партија изјави дека во текот на петте години преговори за Косово се соочил со најголеми притисоци.

– И кога се обидовме да добиеме нешто, изгубивме се благодарејќи  на сопствената неодговорност – рече лидерот на СНС.

Тој призна дека неговата политика во врска со Косово во Србија доживеала пораз, изразувајќи стравување дека Белград повеќе нема да има нова шанса.

– Оваа моја политика, Србија доста работи да зачува на Косово е поразена. Србите сакаат да изгубат се. Тие претпочитаат повеќе да плачат за нешто што останува далеку отколку да имаат нешто во своите раце – рече Вучиќ, додавајќи дека првата рунда ја добила „Србија која плаче, а не Србија која победува”, обвинувајќи ја за тоа српската опозиција.

Вучиќ рече дека неговиот говор во Косовска Митровица бил говор на дисконтинуитет со политиката на Слободан Милошевиќ, но дека никој тоа не сакал да го слушне, бидејќи на регионот му треба лоша, кавкаџиска Србија, која се заканува со војни.

Вучиќ ги информираше членовите на неговата партија дека „има голем страв” за „се што се има надвиено над Србија”, мислејќи на моменталната состојба во регионот, поради спротивставените интереси на големите сили и да никој не може да предвиди „што ќе се случи во наредните 15 -20 дена “.

Вучиќ рече дека Србија во ниеден момент и го нема свртено грбот на Русија.

– Кога на Русија сите им воведоа санкции и им го свртеа грбот, ние тоа не го направивме, тие се наши пријатели. Кина е исто така наша пријателска земја. Успеавме да го доведеме претседателот на Кина во Србија, премиерот на Кина беше три дена. Ми се смееја  кога се борев за српскиот селанец и домаќин, слободно нека се смеат. Единственото нешто што беше „летачко“ во нивно време беа фабриките кои „одлетаа“ од земјата – рече Вучиќ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...