Вучиќ и покрај забраната заминува за село Бање: Тешко дека ќе стигнеме!

Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме, изјави Вучиќ и побара од српските медиуми да останат во Косовска Митровица и да не тргнуваат по тој пат.

278

Српскиот претседател Александар Вучиќ сепак тргна кон селото Бање во општината Србица, иако косовската Влада ја откажа неговата посета бидејќи КФОР и косовската полиција не можат да му гарантираат безбедност.

Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, околен пат за да стигне до селото, но сепак изрази сомнеж дека ќе успее.

– Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме – изјави Вучиќ и побара од српските медиуми да останат во Косовска Митровица и да не тргнуваат по тој пат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...