Вучиќ имал решение за Косово за кое јавноста не знаела

Вучиќ не прецизира што точно понудил и на кого.

362
ФОТО: EPA / KOCA SULEJMANOVIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави денеска дека Косово во иднина ќе добие независност и суверенитет на целата територија, но не затоа што тој ќе го признае, туку затоа што не поминало решението кое го понудил.

Но, Вучиќ не прецизира што точно понудил и на кого.

Вучиќ на ТВ Пинк изјави дека „тоа што го нудел не можело да помине, поради огромниот притисок на одделни земји и нивните разузнавачки служби кои покренале комплетни агентури по разни земји политички, медиумски и други“.

Тој рече дека тие што го критикувале прво наведувале дека немаат слушнато никакво решение или предлог од него, но сепак го напаѓале.

– Гледате ли какво е тоа севкупно лицемерство. Велите не сте слушнале што содржани тој предлог, јас се согласувам дека не сте го слушнале, но зошто го напаѓате. Поради тоа главата ми ја откинавте метафорично, а не ни слушнавте за што се работи, а сега кога кажувам дека е пропаднато, велите дека не сте го ни слушнале. Почекајте луѓе, па зошто го напаѓавте и го уривавте, а не сакавте ниту да го слушнете – праша Вучиќ.

Тој додаде дека е организиран внатрешен дијалог, но на дел од опозицијата не го презентирал својот предлог за решавање на косовското прашање.

– И ве молам, ве прашувам кое е решението сега, освен дека Косово во иднина, а не по моја волја и затоа што јас ќе го признам, ќе добие независност и суверенитет на целата своја територија, а потоа ќе ги прашам оние кои протестираа и кажуваа многу работи, зошто тоа го правевте и како е можно да не ја согледавте реалноста и зошто ја попречувате можноста Србија да извлече нешто, за својот народ и својата земја, истакна српскиот претседател.

Вучиќ коментирајќи го синоќешното отворање на „Слободната зона“ на дел од опозицијата кај зградата на Pретседателството, изјави дека тоа не е нешто од особена важност и дека нема проблем со протестот.

– Немам проблем со тоа, поминувам и ги отпоздравувам – добар ден, довидување, ви посакувам се најдобро, и тоа е тоа, наведе Вучиќ за телевизија Пинк.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...