Вучиќ до турски инвеститори: Во Србија ќе имате пет отсто подобри услови од друга балканска земја

363
Aleksandar-Vucic-Srbija-EPA-EFE-FELIPE TRUEBA

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени денеска во Истанбул дека односите со Турција, кои сега се на високо ниво, нудат голем потенцијал за натамошен развој на економските односи. Воедно, тој ги повика турските инвеститори да продолжат со инвестирање во Србија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган укажа дека целта е трговската размена со Србија да достигне три милијарди евра, односно тројно повеќе од сегашната.

– Србија ќе вложува големи напори за да ги унапредиме нашите економски односи и да ги подигнеме на ниво кое би можело да одговара на уште поголемите турски напори и одличните политички односи кои ги воспоставивме – рече Вучиќ.

Тој им порача на турските инвеститори дека во Србија ќе добијат за најмалку пет отсто подобра понуда од која било друга земја на Балканот или во Југоисточна Европа.

– Донесете ни хартија и кажете: еве ова ни понудија во Бугарија, Романија, Македонија и од нас ќе добиете најмалку пет отсто подобри услови – изјави Вучиќ и дополни дека во рок од 48 часа можат да дојдат до државниот врв кој ќе го решава секој нивни проблем.

Ердоган изрази надеж дека средбата со Вучиќ ќе биде можност за нова соработка и нови проекти.

– За нас Србија е пријателска земја, која е клучна за мирот и стабилноста на Балканот. Постои силна волја за унапредување на односите на сите полиња, изјави Ердоган.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...