Доколку Србија сега не го реши парашањето за Косово, по 20 години ќе загуби се, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ.
– Не сакате разграничување со Албанците? Нема проблем, кажете им на луѓето да се подготвуваат да го браниме Врање по 40 години. Зарем не мислите дека нашите луѓе уште денес се иселуваат од таму, изјави Вучиќ, коментирајќи го отвореното писмо на епископот рашко-призренски Теодсије во кое наведува дека поделбата на територии ќе доведе до ислеување на Србите од Косово и до уништување на српското културно наследство.
Вучиќ истакна дека иста аргументација како епископот изнесуваат и големите сили и странските служби кои не сакаат етнички граници.
– Веројатно е подобро нешто, отколку ништо, додаде српскиот претседател, нагласувајќи дека Црквата, иако тврди дека не сака етнички граници, сепак сака „лажната косовска држава“ да и исплати 650.000 евра.
Вучиќ нагласи дека решение за Косово не сакаат ниту неговите противници.
– Сакаат само денес да бидат сигурни, а утре? Не им е грижа, додаде претседателот на Србија.
Вучиќ денеска имаше средба со потпретседтелот на косовската Српска листа (СЛ), Игор Симиќ, на која станало збор за политичката состојба во Косово, за положбата на косовските Срби и за дијалогот Белград-Приштина.
По средбата, Симиќ изјави дека Вучиќ го информирал оти засега нема решение за Косово, кое би можел да им го предложи на граѓаните.