Вулканот Килауеа исфрли пепел во висина од 3 и пол километри, загрози авионски летови (ВИДЕО)

Постои и закана од нова ерупција на вулканот Килауеа на Хаваите..

162

Официјални лица на Хаваите предупредија жителите да останат во затворени простории, а авионите да го заобиколуваат критичното подрачје каде што вулканот Килауеа исфрли облак од пепел во висина од 3 и пол километри, а пепелта паднала на локации оддалечени дури и 30 километри од вулканот.

Исто така, постои и закана од нова ерупција на вулканот Килауеа.

Вулканот може да се затвори како што нивото на магмата во кратерот се спушта, па долу може да се акумулира силен притисоки тој да еруптира силно, појаснува научникот Кумбс за Си-Ен-Ен.

Покрај пепелта, која не е токсична, жителите на Големиот Остров на Хаваите треба да внимаваат и на гасот сулфур диоксид.


Скот Меклин, дописникот на Си-Ен-Ен, го опиша на Твитер чувството при вдишување на отровниот гас, „Навистина сериозно вдишав сулфурен диоксид покрај една од вулканските пукнатини. Сензорот што го имав во рака свиркаше и детектира 66 ppm честички. Не можев да дишам, а очите и белите дробови веднаш почнаа да ме печат. Тоа беа најлошите десет секунди во мојот живот“.

ФОТО: јутјуб

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...