Вулин: Србија е воено неутрална држава

88

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека Србија е воено неутрална држава, која сама носи одлуки и не треба да се потчинува на ничија политика.

Тој додаде дека е неопходно зајакнување на армијата, со цел земјата да остане независна, истакнувајќи дека авионите-ловци МИГ, чија модернизација е во тек, ќе бидат најсовремените во регионот.

– Согласно договорот меѓу српскиот и рускиот претседател, Александар Вучиќ и Владимир Путин, ние ќе продолжиме да ја модернизираме армијата, ќе имаме оклопни возила, тенкови. Русија е наш важен партнер. Сега ни е неопходен хеликоптер МИ-17 – нагласи српскиот министер.

Според Вулин, зајакнувањето на војската значи стабилен Балкан и мир. Тој потврди дека српската армија моментно учествува во десет мировни мисии во светот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...