Вулин: Косово нема да биде признато додека Вучиќ е претседател

Тој уште истакна де се додека „Вучиќ ја води Србија, идејата за независно Косово ќе трпи порази, а тоа големите сили не го простуваат“

81

Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека „единствен начин за Србија да го признае Косово е (претседателот на Србија Александар) Вучиќ да биде сменет со некој послушен и слаб“.

– (Косовскиот премиер Рамуш) Харадинај и оние од меѓународната заедница кои му дозволуваат да воведува такси и да ко крши ЦЕФТА договорот, тоа го знаат. Затоа, воведувањето такси и покажување сила кон Србите во Косовска Митровица се дел од една иста акција, која за цел има уривање на Вучиќ како нужен предуслов за признавање на целовито и единствено Косово – наведе Вулин.

Тој уште истакна де се додека „Вучиќ ја води Србија, идејата за независно Косово ќе трпи порази, а тоа големите сили не го простуваат“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...