Втор тендер за изградба на два километри од автопатот Скопје – Блаце

Планирано е овој дел од автопатот да се изгради 18 месеци.

620

Јавното претпријатие за државни патишта објави втор тендер за избор на компанија која ќе ги гради првите два километри од авотпатот Скопје – Блаце.

На тендерот се проценува нова сума на трошоци за изградба на двата километри од автопатот односно 12,5 милиони евра.

Планирано е овој дел од автопатот да се изгради 18 месеци. Веќе од наредната година треба да почне градбата и на делот до Скопје кој е долг 10,5 километри и да се гради 36 месеци.

На првиот тендер кој беше поништен неодамна компанијата која се јавила дала повисока понуда од она што било предвидено.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...