Во Шпанија денеска е потврден втор случај на зараза со коронавирус, а во прашање е британски државјанин.
Шпанскиот Национален центар за микробиологија соопшти дека новиот случај е регистриран на Мајорка.
– Британецот, кој живее на Мајорка, се заразил кон крајот на јануари за време на скијање во Франција, каде бил во контакт со инфицирани лица – изјави шефот на шпанскиот координативен центар за здравствени вонредни ситуации Фернандо Симон.
Тој посочи дека Британецот е добро и дека е во изолација. Тестовите покажале дека неговата сопруга и двете ќерки не се заразени.
Шпанските власти се обидуваат да ги идентификуваат сите личности со кои Британецот дошол во контакт во Шпанија.