Непознати лица неколку часа по полноќ ја нападнаа канцеларијата на Нова демократија во северниот дел на Атина, нанесувајќи материјална штета и предизвикувајќи мал пожар.
Од грчката владејачка партија велат дека ова е втор напад за неколку дена и „претставува континуиран напад врз демократијата“, jави дописничката на МИА од Атина.
– Нека сфатат сите дека ваквите напади не нè повредуваат и Нова демократија ќе продолжи цврсто да се бори за безбедноста на граѓаните, што е од суштинско значење за една демократска држава – соопштуваат од Нова демократија.