Втора светска војна: Би-Би-Си и тајните активности во борбата против нацистите

99

Новите податоци од архивите ја открија улогата на Би-би-си во тајните активности за време на Втората светска војна и како движењата на отпорот низ цела Европа добија шифрирани пораки.

Би-би-си историја (BBC history) објави документи и интервјуа, вклучувајќи план за јавно емитување на звуците на Биг Бен во случај на воздушен напад за да ги збуни германските пилоти.

Покрај тоа, Би-би-си емитуваше музика за да го контактира полското движењето на отпорот.

Претставник на Владата, со измислено име Питер Петеркин, му дал на персоналот на Би-би-си да емитува специјални музички нумери, кои се емитувале по вестите на полски јазик.

– Тие вести намерно беа скратени за една минута, по што тајниот портпарол на полската влада во егзил донесе музичка нумера што ќе се емитува – рече историчарот Дејвид Хенди.

Од изборот на музиката зависеше и пораката до борците од движењето на отпорот 

Алек Сатерленд, човекот кој го надгледуваше емитувањето на музиката и вестите, рече дека неговата работа била да се осигури дека вистинската нумера е емитувана, дури и по цена снимката да е лоша.

– Се случуваше понекогаш да изберат снимки со повисок квалитет, но потоа тоа доведуваше до ситуации во кои движењето на отпорот разнесуваше погрешни мостови во Полска – вели Сатерленд.

Шифрираните пораки за француското движење на отпорот биле помалку „скриени“ и содржеле неколку фрази што би биле вметнати во сценариото на програмата.

Така на 5 јуни 1944 година, ноќта пред Денот Д, Би-би-си користеше фраза на француски: „Berce mon coeur d’une langueur monotone“, која значеше почеток на истоварувањето во Нормандија.

Кралското воено воздухопловство (РАФ) користеше предаватели на Би-би-си во северен Лондон за да го попречуваат системот за навигација на германските авиони.

Би-би-си историја, исто така, објави сведочења на луѓе за бомбардирањето на корпорациската зграда во 1940 година, како и интервју со Џон Снег, легендарниот говорник, кој откри како се подготвувал за првиот пренос од истоварувањето на сојузничките сили во 1944 година, за време на кое тој постојано бил набудуван од војници за да се спречи „протекување“ вести.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...