Рускиот вселенски брод „Сојуз МС-09“, кој ги превезуваше тројцата досегашни членови на екипажот на Меѓународната свесленска станица (МВС), рано изутринава успешно слета во Казахстан.
Со „Сојуз МС-09“ на Земјата се вратија тројцата астронаути Сергеј Прокопиев од Русија, Серина Аунион-Ламслер од САД и Александер Герст од Германија.
Троцата досегашни членови на екипажот на МВС во zемјината oрбита минаа 190 дена, извршувајќи експерименти кои е невозможно да се спроведат на Земјата.
ФОТО: МИА