Врховниот суд на САД денеска ја одобри забраната за служење на трансексуалци во армијата предложена од американскиот претседател Доналд Трамп, јави „Вашингтон Пост“.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, забраната сепак е привремена и ќе биде во сила сѐ додека се водат процеси во пониски инстанци, бидејќи Судот не ја разгледа суштината на делото.
Врховниот суд всушност ги одблокира судските забрани во пониските американски судови, кои спречуваа имплементација на политиката на Администрацијата на Трамп.
Белата куќа соопшти дека е задоволни од ваквата одлука на Судот.
Забраната всушност привремено ја отповика одлуката на поранешниот претседател на САД, Барак Обама за служба на трансродови мажи и жени во американската армија. Забраната сега се однесува на лица кои се идентификувале со пол различен од оној при раѓањето или сакаат да извршат промена на полот.
Администрацијат на Обама овозможи трансродови лица да служат во армијата во јуни 2016 година, при што одлуката прво беше наменета за оние кои се веќе на служба, а имаше и погодности како покривање на медицински трошоци за промена на полот.
Трамп се надева на позитивна одлика на Судот и за повлекување на актот ДАКА, исто така потпишан од Обама, кој овозможува ибзегнување на депортација и легален престој на децата на нелегалните имигранти во САД.