Извршниот директор на синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ Стив Истербрук мора да ја напушти компанијата бидејќи ја нарушил политиката на компанијата и покажа „слаба проценка“. Истербрук е обвинет дека имал врска со колешка иако знаел дека тоа е забрането во компанијата.
Во писмо до компанијата, британскиот бизнисмен ја признал врската со вработената и рекол дека било грешка.
Одборот на компанијата гласаше за заминувањето на Истербрук. Тој, исто така, се повлече од функцијата претседател на „Мекдоналдс“ и член на бордот.
Според правилата на компанијата, на менаџерите им се забранува да имаат романтични врски со персоналот.