Време е за бамји, но бидете внимателни: не е сѐ во должината

Кога купувате бамји, обрнете внимание на тоа да не бидат подолги од 3 цм - колку се пократки, толку се подобри. И бидејќи почнува сезоната на бамји, спремете се за турлитава и потсетете се за сите здравствени придобивки од овој зеленчук

1342

Бамјата е посебен вид на зеленчук кој не е популарен само поради својот вкус, туку и поради бројните здравствени бенефити. Позната е и како окра и е неспорно една од најдобрите култури кои можете да ги воведете на вашето мени. Совршено се вклопува во бројни јадења, како додаток во салатите или како главна состојка.

Им користи на дијабетичарите затоа што го нормализира и балансира шеќерот во крвта, го намалува холестеролот, ја ублажува и елиминира опстипацијата, не дозволува пад на имунитетот, а исто така, помага и за проблеми со астмата.

Бамјата не само што може да се смета корисна за елиминација на штетните материи од цревата, таа е и важен фактор кога станува збор за заштита од малигни заболувања.

Бидејќи ги отстранува слободните радикали од системот за варење, таа во значителна мерка го намалува ризикот од рак на дебелото црево. Оние кои веќе заболеле, задолжително треба да си подготвуваат јадења од бамја затоа што ќе ја спречат натамошната мутација на малигните клетки.

Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.

Фото: Pixabey

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...