Врвот на епидемијата на коронавирусот се очекува во средината на февруари

254

Пикот на епидемијата во Кина, предизвикана од новиот коронавирус, се очекува во средината на февруари, изјави раководителот на специјалната комисија на Државниот комитет за здравство на Кина, Чжун Наншан.

– Во моментов е тешко да се предвиди пресврт на епидемијата, но најверојатно ќе се случи кон средината на февруари – рече Чжун.

Кинескиот виролог е вклучен меѓу групата медицински лица кои работат на терен во Вухан, жариштето на епидемијата и лекарите кои се подготвуваат да ги заменат во подоцнежната фаза.

Досега од коронавирусот починаа 1.016 лица, а заразени се повеќе од 42.000.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...