Врвниот пијанист Хају Жанг во Скопје

109

Кинескиот врвен пијанист Хају Жанг во петок во Камерната сала на Македонската Филхармонија во 20 часот, ќе одржи рецитал на кој ќе изведе дела од Бетовен, Шопен, Дебиси и Равел.

– Хају Жанг заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и маестро Јерухам Шаровски од Израел зад диригентсиот пулт, гостуваше како солист на големата турнеја на нашиот оркестар во Кина, која се реализираше во декември минатата година, кога ги освои срцата на кинеската публика, соопшти Филхармонија.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...