„Врба“ на Филмскиот фестивал „Црни ноќи“ во Талин

Премиерата во Талин е посветена на Ник Пауел, извршниот продуцент на „Врба“, кој почина една недела по македонската премиера. Екипата на филмот го нарече легендарниот Пауел „срце на нашиот филм“. Тој е продуцент на педесетина филмови (оскаровецот „Играчка-плачка“ на Нил Џордан, „Скандал“, „Мона Лиза“) и коосновач на „Вирџин рекордс“, заедно со Ричард Брансон.

188

Филмот „Врба“ на Милчо Манчевски се враќа на европско тло, откако длабоко ја импресионираше азиската публика на Филмскиот фестивал „Златен коњ” во Тајпеј.

Утревечер „Врба“ ќе биде прикажан на 23. Филмски фестивал „Црни ноќи“ (Black Nights) во Талин, Естонија, еден од најголемите во Европа. Со оглед дека филмот веќе имаше светска премиера на Фестивалот во Рим, во Талин ќе игра вон конкуренција, во програмата Потписи во која, како што вели Фестивалот, се „најновите дела на филмските велемајстори“.

„Врба“ ќе има три проекции во Талин, а на проекцијата на 27 ноември ќе гостува и режисерот Манчевски кој ќе има сесија прашања и одговори со естонската публика. „Црни ноќи“ е меѓу 14-те светски фестивали од А-категорија рангирани според ФИАПФ.

Премиерата во Талин е посветена на Ник Пауел, извршниот продуцент на „Врба“, кој почина една недела по македонската премиера. Екипата на филмот го нарече легендарниот Пауел „срце на нашиот филм“. Тој е продуцент на педесетина филмови (оскаровецот „Играчка-плачка“ на Нил Џордан, „Скандал“, „Мона Лиза“) и коосновач на „Вирџин рекордс“, заедно со Ричард Брансон.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...