Вработените во најпосетениот француски и светски музеј Лувр, го искористија своето право на повлекување и одлучија денеска да не работат, јави дописникот на МИА.
Загрижени поради епидемијата, вработените на музејот повторно изгласа право на повлекување, со што музејот втор ден по ред ќе остани затворен.
Вработените се загрижени за нивното здравје и оттаму нивната одлука. Дирекцијата на музејот и министерството за култура потсетија дека затворањето на музејот не е потребно, бидејќи засега само манифестациите на затворено со над 5000 посетители се забранети.
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги откажа сите негови патувања, за да ја следи одблиску ситуацијата со коронавирусот, од кој до вчера заболеа 138 лица во Франција.