Вработените во јавната администрација во Франција штрајкуваат за поголема плата

57

На повик на еден од најголемите француски синдикати, левичарската Генерална конфедерација на трудот (ЦГТ), денеска ширум Франција се одржа штрајк на вработените во јавната администрација.

Штрајкот беше организиран под слоганот „Социјална ургентност“, а во повеќе француски градови се одржаа и синдикални протести.

Синдикатот, кој овој штрајк го најави како одговор на „големата дебата“ што ја иницираше францускиот претседател Емануел Макрон за излез од кризата со протестите на „жолтите елеци“, бара зголемување на платите и поголема даночна праведност.

Само во Париз на протсетите присуствуваа неколку илјади демонстранти, а слично собири се одржаа и во триесетина други француски градови.

Штрајкот резултираше со застои во јавниот градски превоз и во  железничкиот сообраќај, но немаше блокада на улиците. Воздушниот сообраќај исто така беше нарушен, поради штрајкот на парискиот аеродром.

Поради приклучување кон штрајкот на наставници, професори и на вработени во образовните институции, имаше прекини и во наставата.

Како резултат на штрајкот, Ајфеловата кула денеска беше затворена за постители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...