Вработените во грчката Национална електро-компанија (ДЕИ) доцна синоќа соопштија дека ги прекинуваат 48-часовните штрајкови што ги почнаа оваа недела, откако Парламентот одобри закон со кој ДЕИ од идниот месец може да почне да ги продава електроцентрали.
Синдикатот на вработените ГЕНОП-ДЕИ, издаде пишана изјава во која ги критикуваше пратениците на владината коалиција и истакна дека „секогаш ќе бидат одговорни за ограбувањето на ДЕИ“.
– Што се однесува до Владата, не треба да се фали. Можеби ја доби битката во Парламентот, но ќе ја изгуби војната во општеството – се наведува во изјавата.
За време на дебатата во Парламентот, стотици работници од ДЕИ протестираа пред Парламентот против приватизацијата на електроцентралите што е едно од барањата на меѓународните кредитори на Грција.