Во 2017 регистрирани 1.967 странски филијали во домашниот нефинансиски деловен сектор

Во однос на 2016 година, забележан е пораст на бројот на претпријатијата под странска контрола за 7,6 проценти, на вработените за 16,7 проценти, прометот за 15,9 процџенти, а на додадената вредност за 7,9  проценти

79

Државниот завод за статистика денеска објави дека во 2017 година, 1.967, односно 3,6 проценти од вкупниот број 55.359 претпријатија што работеле во рамки на нефинансискиот деловен сектор, биле странски филијали, односно домашни претпријатија контролирани од нерезидентни институции. Во нив биле ангажирани 18,7  проценти од вкупно вработените, кои реализирале 36,8  проценти од вкупниот промет, односно создале 31,4 проценти од вкупната бруто-додадена вредност во набљудуваниот опфат.

Во однос на 2016 година, забележан е пораст на бројот на претпријатијата под странска контрола за 7,6 проценти, на вработените за 16,7 проценти, прометот за 15,9 процџенти, а на додадената вредност за 7,9  проценти.

Странските филијали бележат активност, главно, во секторите: трговија на големо и мало; поправка на моторни возила со 34,2 процента, преработувачка индустрија со 15,6 проценти, стручни, научни и технички дејности со 11,8 проценти и информации и комуникации со 10,1 процент.

Притоа 57,3  проценти од странските филијали биле контролирани од земјите на ЕУ, но од големо значење е и учеството на странските филијали од Турција со 12.3 проценти, Србија со 8,6 проценти и Швајцарија со 3,9 проценти.

Во странските филијали, биле ангажирани 72 928 вработени, од кои 72,1 процент во филијалите на земјите од ЕУ.

Бруто-додадената вредност создадена од странските филијали учествува во вкупната додадена вредност со 31,4 проценти, од кои 16,8 проценти во индустријата (12,6 проценти се во преработувачката индустрија, а 2,5 проценти во енергетскиот сектор, трговијата со пет проценти, градежништвото со 1,8 проценти, додека услугите учествуваат со 7,8 проценти, главно, како резултат на активностите во секторот информации и комуникации со 4,6 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...