Американски цариници запленија досега најголема пратка на кокаин пронајдена во пристаништата во Њујорк и Њу Џерси во последните 25 години.
Американската царина и Агенцијата за заштита на границите наведуваат дека на 28 февруари се запленети 1.450 килограми кокаин во 60 пакети.
Вредноста на дрогата на црниот пазар се проценува на околу 77 милиони долари.
Тоа е најголемата заплена во пристаништата од 1994 година.
Според портпарол на Царината, контејнерот е пронајден на брод кој пристигнал од Јужна Америка.