Во јуни 72,6 отсто од потрошената струја e од домашно производство

Во јуни се потрошени 527.856 мегават часови електрична енергија, 4,12 милиони нормални метри кубни природен гас, 410.807 тони јаглен и 80.943 тони нафтени продукти.

72

Македонија во јуни годинава вкупно потрошила 527.856 мегават часови електрична енергија, 4,12 милиони нормални метри кубни природен гас, 410.807 тони јаглен и 80.943 тони нафтени продукти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, 72,6 отсто од потрошената електрична енергија е од домашни извори, а 94,9 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на струја.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...