Во јуни се увезени поскапи горива

Зголемување од 2,8 отсто на месечно ниво и 39,3 отсто на годишно е забележано кај мазутот, а кај пропан и бутан, односно течно ТНГ гориво зголемувањето е 1,9 отсто на месечно и 28, 6 отсто на годишно ниво.

100

Увозните цени на горивата во земјава во јуни годинава се повисоки за 0,8 отсто во однос на претходниот месец и за 41,7 отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Кај моторниот бензин има зголемување на цената за 0,5 отсто на месечно ниво, а 36 отсто на годишно ниво. Кај горивата за млазни мотори од бензински тип или керозин зголемувањето е 4,4 отсто на месечно и 43,4 отсто на годишно ниво, кај дизелот, пак, е 0,3 на месечно и 44,5 на годишно ниво.

Зголемување од 2,8 отсто на месечно ниво и 39,3 отсто на годишно е забележано кај мазутот, а кај пропан и бутан, односно течно ТНГ гориво зголемувањето е 1,9 отсто на месечно и 28, 6 отсто на годишно ниво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...