Во Јемен откриено ново оружје, се претпоставува дека е од Иран

83
ФОТО: EPA / HARISH TYAGI

Во Јемен се откриени нови оружја за кои се претпоставува дека се произведени во Иран, стои во извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, за кој ќе се дискутира на денешниот состанок на Советот за безбедност.

Иран веднаш негираше дека доставувал оружје на шиитските бунтовници хути во Јемен кои политички ги поддржува. Експерти на секретаријат на ОН испитале уреди за противтенковски ракети и делумно уништена ракета земја-воздух, кои ги донеле припадници на војници на меѓународна коалиција во Јемен предводена од Саудиска Арабија. Тие имале карактеристики на иранско оружје и биле одбележани со датуми на производство во 2016 и 2017 година.

На состанокот на Советот за безбедност, на кој ќе се разгледа извештајот на Гутереш, се очекува да присуствува и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Извештајот на Гутереш исто така се однесува на иранските обврски од договорот за нуклеарна програма на Техеран. Во извештајот се заклучува дека Иран продолжува да ги исполнува своите обврски кои произлегуваат од договорот склучен во 2015 година.

ОН пред извесно време соопшти дека јеменските бунтовници истрелале ирански ракети кон Саудиска Арабија, но не можеше да потврди дали овие проектили ги испорачала иранската Влада, спротивно на резолуциите на ОН.

ФОТО: EPA / HARISH TYAGI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...