Во јануари во Тирана донаторска конференција за Албанија

36
FOTO MIA

Советот на Европа донесе одлука донаторската конференција за настраданите во земјотресот во Албанија да се одржи во Тирана, но датумот се уште не е одреден.

Претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека донаторската конферецнја ќе се одржи во Тирана на почетокот или во средината на јануари и оти одржувањето на конференцијата го подржале сите земји членки.

– Добро што се договоривме за одржување донаторска конференција за Албанија во Тирана, во почетокот или во средината на јануари. Беше инспиратвно да се види како земјите членки веднаш дадоа подршка за да бидат покрај Албанците – изјави Лајен.

Претходно таа соопшти дека Европската Комисија одлучила да даде 15 милиони евра за Албанија за санирање на штетите од разорниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември.

Инаку, на осми декември албанскиот премиер Еди Рама престојуваше во Истанбул,Турција, на донаторска конфренција, каде турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, ги свика земјите-членки на Организацијата на исламската конференција за помош на Албанија.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...