Во Шпанија пронајден мртов словачкиот конзул во Казахстан

146
Шпанската цивилна гарда ја истражува смртта на словачкиот конзул во Казахстан. Неговото тело било пронајдено во вторникот попладне во Ла Нуција, место во непосредна близина на Аликанте.
Според инфомации од локалните медиуми, телото на конзулот, целото облеано во крв, го пронашол вратарот од вилата. Првична претпоставка е дека непознато лице му задало силен удар во главата.
Телото на 53-годишникот било пронајдено во градината, покрај скалите од куќата што ја имал изнајмено. Куќата се наоѓала во населбата Мирамар, која е се наоѓа меѓу Ла Нуција и Аликанте, пишува весникот „Ел Паис“.
Истргата за несреќата е во тек.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...