Против шест лица од Узбекистан и Киргистан поднесени се обвиненија поради планирање на терористички напади и финансирање на Исламска држава, соопшти денеска Шведското обвинителство.
Кај тројца од осомничените пронајдено е големо количество хемиски супстанци.
Петмина од осомничените се во притвор, додека шесттиот е пуштен од притвор до почетокот на судењето.
Шестемина осомничени се изјаснија како невини.
Узбекистанецот Рахмат Акилов во јуни во Шведска е осуден на доживотен затвор поради убиство на пет луѓе со украден камион во Стокхолм во 2017 година