Во Црна Гора фатени 2.000 работници на „црно“, повеќето се странци

121

Трудовата инспекција во Црна Гора во текот на минатата година регистрирала 2.122 работници ангажирани „на црно“, а меѓу нив имало и деца.

Станува збор за 1.370 странци и 752 црногорски државјани, а меѓу нив биле и 44 деца.

По преземените мерки, како што се наведува во годишниот извештај на Управата за инспекциски работи, 689 од овие лица засновале работен однос.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...