Во Црна Гора усвоен законот за слобода на вероисповедта

137

Собранието на Црна Гора  рано утринава го усвои Законот за слобода на вероисповедта.

За предлог законот гласаа 45 пратеници, додека немаше гласови против или воздржани. Претходно беа одбиени сите амандмани поднесени од Демократскиот фронт (ДФ).

Седницата на Собранието беше прекината кога полицијата ги приведе пратениците на Демократскиот фронт, по инцидентот во пленарната сала.

Со законот се предвидува дека државна сопственост се сите верски објекти и земјиштето што го користат верските зеадници на територијата на Црна Гора, што се изградени, односно се набавени од јавни приходи на државата или биле во државна сопственост до 1 декември 1918 година и за кои нема докази за правото на сопственост на верските заедници.

Прецизирано е дека во поглед на постоењето на докази за фактите ќе се применуваат доказни средства и правила на докажување во согласност со Законот за управна постапка и супсидијарно и на Законот за парнична постапка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...