Во Црна Гора запленети околу 100 килограми сканк

Со пребарување на терен, во реонот Божај под магистралниот пат, полицијата нашла во грмушка сокриени црни ПВЦ вреќи.

111

Црногорската и албанската полиција вчера извршија заедничка координирана акција, која резултираше со пронаоѓање и запленување на околу 100 килограми сканк на територијата на Црна Гора и лишување од слобода неколку лица, за кои постои сомнеж дека учествувале во криумчарењето на сканкот од Албанија во Црна Гора.

Со пребарување на терен, во реонот Божај под магистралниот пат, полицијата нашла во грмушка сокриени црни ПВЦ вреќи, обвиткани со ПВЦ провидна фолија во кој се наоѓал материјал за кои постои сомнеж дека се работи за марихуана од типот сканк.

Во близина на местото, на брегот на Скадарско Езеро, полицијата нашла чамец, кој најверојатно бил користен сканкот да се пренесе преку езерото од Албанија во Црна Гора.

Врз основа на овие податоци, полицијата од Албанија лишила од слобода неколку лица, за кои се претпоставува дека биле вмешани во кривичното дело.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...